Прва жртва на Западнонилскиот вирус
Жена на возраст од 90 години е првата жртва на вирусот Западен Нил во Грција годинава, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести (КЕЛПНО), додавајќи дека таа починала од компликации предизвикани од енцефалитис.

Во неделните епидемиолошки податоци објавени на својата Интернет страница, КЕЛППНО соопшти дека уште двајца пациенти се лекуваат од западнонилскиот вирус, кој го добиле од инфицирани комарци, од кои едниот развил енцефалитис и се наоѓа на интензивна нега.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, годинава со овој вирус во Грција досега се инфицирани вкупно 12 лица, од кои осум развиле сериозни симптоми како што се менингитис, енцефалитис и акутна флакцидна парализа, додека четири пациенти развиле поблаги симптоми слични на грип.
Епидемии на инфекција со вирусот Западен Нил кај луѓе и животни се забележани секоја година помеѓу 2010 и 2014 година во текот на летните месеци во различни региони во Грција. Во 2015 и 2016 не е регистриран ниту еден случај, но грчките научници постојано повторуваа дека очекуваат вирусот повторно да се појави.
Ново на Сител
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
-

Иран: Ќе дозволиме премин низ Ормуската Теснина по војната само во согласност со протоколите
-

Трамп: Иран штотуку нè информираше дека се наоѓа во состојба на колапс
-

Уапсен 89-годшниот кој претпладнево со огнено оружје повреди пет лица во Службата за социјално осигурување и во суд во Атина
-

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова
