Прв круг регионални избори во Франција

Четириеесет и четири милиони француски избирачи денеска се повикани да гласаат на првиот круг регоналните избори во Франција, кои треба да изберат 2000 регионални советници во 13 региони, јавува дописникот на МИА од Париз.
Гласачките места беа отворени во осум часот изутринава и во најголемиот број на градовите ќе бидат затворени во 18 часот, освен во големите метрополи, каде ќе се гласа до 20 часот.
Ова се први регионални избори кои се организираат според новата територијална организација, која од 22 региони ги сведе на 13, со цел да ги направат покомпетивни во однос на европските региони. Со новата организација, просечната бројност на населението на регионите премина од 3 на 4,3 милини жители.
Претседателите на регионите се избираат од Регионалните собранија по вториот круг на изборите закажан за 13 декември. Нивната политичка улога ќе биде уште поголема од досегашната, бидејќи тие ќе имаат поголеми надлежности, посебно во борбата против невработеноста.
Денешните избори се случуваат во посебен контекст, по атентатите од 13 ноември и во ситуација на вонредна состојба. Неколку дена пред изборите е забележена мобилизација на избирачите на темата: Да се гласа е најдобриот одговор на демократијата наспроти варварството и непријателите на Републиката. По атентатите во јануари, учеството во првиот круг од департманскте избори забележа скок од 7 поени во однос на претходните од 2011. За овие избори се запишаа 800.000 нови избирачи, додека на претходните регионални избори во 2010 година гласаа само 50 отсто од избирачите.
Ова се последни избори до 2017 година, кога се закажани претседателските. Сите испитувања на јавното мислење го дадоа Националниот Фронт како победник по првиот круг во најмалку 6 региони од 13, а по вториот круг може да се надева да освои од 2 до 3 региони. Владејачките социјалисти во 21 од 22 досегашни региони, можат да ги изгубат најголемиот број од нив, во полза на Републиканците на Никола Саркози.
Ново на Сител
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
