Прв конгрес на МЗМСАРИН
Минатиот викенд од 05 до 07 Април 2024г во хотел Аквалина Охрид се одржа Првиот конгрес на Македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега МЗМСАРИН на тема ”Со едукација до искуство”.
На конгресот учество земаа над 240 представници од скоро сите јавни и приватни здравствени установи од земјава и регионот, каде голем број од нив активно учествуваа со предавања, презентации, работилници и дискусии од страна на предавачи, гости, подржувачи на конгресот.

Од Македонија учество земаа медицински сестри од КАРИЛ, ГОБ 8 Септември, ЈЗУ Св.Наум Охридски, КБ. Аџибадем Систина, УК Неврохирургија, ОБ Ремедика, УК Државна Кардиохирургија, Асоцијација за дезинфекција и стерилзација, УК ГАК, Очна болница Деница, УК.Неврологија, КБ Штип, ОБ Кочани, САРИЛ КБ Битола, ПЗУ Болница Плодност-Битола, ЈЗУ СБОТ „Св.Еразмо“ – Охрид, ОБ Охрид, ОБ Гостивар и Систина Офтамолигија.
Представници од Србија беа Здружението на анестетичари, интензивна нега и трансфузија на Србија, Институт за онкологија и радиологија Белград, КЦ Крагуевац, ОБ. Св.Лука Смедерево, ОБ. Врање и ОБ Петровац на Млава.

Представници од Република Српска - Универзитетски клинички центар на Р.Српска - Бања Лука, СХБ Д-р Костиќ – Бања Лука.
Од Црна Гора - Клинички Центар Подгорица, ОБ. Бјело Полје, Специјална болница Васо Чуковиц Рисан. Додека од Хрватска ЕКО ЛАБ Загреб.

За време на двата конгресни дена беа презентирани 25 практични примери, работилници, искуства и новитети од страна на медицинските сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега, каде секоја презентација беше прифатена со големо внимание, интерес и дискусија од страна на голем број од посетителите и слушатели на конгресот.

Исто така беа остварени голем број на контакти и соработки со медицинските сестри во земјава и регионот, кои во иднина ќе бидат надоградени и одржувани, зошто најголемиот императив во работата на здружението МЗМСАРИН е токму афирмација и едукација на нивната професија.
Можеме слободно да кажеме дека конгресот беше повеќе од успешен, бидејки здружението МЗМСАРИН покажа едно многу виско ниво на организација, знаење, разбирање, сериозност и секако единство на целата нивна фела. Ова е заклучок од коментарите на сите учесници, подржувачи и организатори на конгресот.

Беше изразена голема благодариност на сите учесници, предавачи, гости од земјава и од регионот кои оставија свој печат на конгресот и кон сите кои помогнаа во организацијата и реализацијата на нивното првенче.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
