Протестен марш на кочанските пензионери за линеарно покачување на пензиите

Пензионерите од кочанскиот Иницијативен одбор велат дека се револтирани од изјавите на надлежни за нивните пензии. Тие денеска повторно излегоа на протестен марш и побараа да се одвојат пари за повисоки пензии.
На протестниот собир потсетија на барањата за линеарно покачување од 3.500 денари на сите пензионери и минимална пензија од 18.000 до 20.000 денари, а потоа се упатија на протестен марш до Фондот за пензионерско и инвалидско осигурување. Според пораката што ја упатија, ќе продолжат со протестите за достоинствен живот.
- Масовното присуство на овој протест за правда и право на достоинствен живот е потврда дека сме доведени до дно на егзистенцијата, дека немаме друг избор освен да се бориме да го добиеме тоа што ни припаѓа, предолго чекавме и предолго молчевме, изјавија пензионерите.
Ова е втор протестен марш на Иницијативниот одбор на пензионери од Кочани, за кој потсетија дека не е политички мотивиран. Според најавите, пензионери од цела држава ќе го одржат вториот генерален протест на 20 септември кога се одбележува Денот на пензионерите.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
