Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Претставници на синдикални организации на вработени во здравствениот сектор денеска пред ФЗОМ ќе побараат исплата на платите за јануари и ќе информираат за следните чекори доколку не ги добијат парите во текот на денов.
Најави за протест поради неисплатените плати има од докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар од ГОБ „8 Септември“ и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и од други здравствени организации низ земјава.
Јануарските плати на вработените во здравството доцнат поради хакираниот систем на Фондот. ИТ-системот на ФЗО прекина со работа на 6 февруари откако беше цел на сајбер-напад.
ФЗО во четвртокот побара сите јавни здравствени установи да достават податоци за вработените за да може да им се исплати плата.
Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека доколку до понеделник не се реши проблемот, платите за здравствениот кадар ќе се обезбедат од Централниот трезор, а потоа ќе се порамнат со трезорот на Фондот за здравствено осигурување.
Уверување дека ќе биде надминат проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување, вчера искажа и премиерот Димитар Ковачевски. Во интервју за МИА кажа дека се ангажирани домашни и експерти од земјите - членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните, како што истакнува, се заштитени и апелира на смиреност, а се прават и напори да им бидат исплатени платите на здравствените работници. Пари во Буџетот за исплата на плати има, тврди Ковачевски.
- Јас го разбирам револтот на здравствените работници. Прво, имаше информации дека немало пари во Буџетот. Пари во Буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на којшто се исплаќаат платите и со оглед на сајбер нападот што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови. Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот тоа да може да се направи од централниот трезор што е комплицирана работа, меѓутоа на која што се работи, изјави Ковачевски.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
