Протест на студентите во Тетово

Со мирен протест на градскиот плоштад во Тетово и марш по булеварот „Илинденска“, дел од студентите на Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа и „Мајка Тереза“ од Скопје го изразија своето незадоволство од состојбите во високото образование во земјава.
Тие носеа голем транспарент на кој на албански јазик пишуваше „Додека чекаме да се подобрат условите ни пропаднаа желбите“, и извикуваа „Стоп на корупцијата“, „Бараме правда“, … На учесниците во протетот не им беше дозволен влез во дворот од Универзитетот во Тетово по што најголем дел се разотидоа иако помала група остана пред влезот.
Поддршка на барањата на студентите им изрази Албанската младинска платформа од Скопје.
-Барањата за деполитизација и стоп на корупцијата во високото образование се целосно поддржани од нас. Тука се и другите проблеми со купување на книги од професорите за добивање потпис и подобра оценка. Особено е тешко за нашите колешки кои некогаш се присилени и на сексуални односи за добивање оценка. Ние бараме поддршка од сите студенти во Македонија, но и од нашите професори во остварувањето на овие барања и подобрување на состојбите, рече Фестим Реџепи од Албанската младинска платформа.
За дел од студентите многу е важно и целосно да се деполитизираат универзитетите и студентските парламенти.
Тие најавија дека со протестите ќе продолжат и следните денови
Ново на Сител
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
-

150 македонски државјани се враќаат вечерва од Дубаи
-

Во Техеран заврна токсичен дожд кој предизвикува изгореници откако беа бомбардирани нафтени постројки
-

Кој ги лаже граѓаните на тема мигранти – Власта и опозицијата си разменија обвинувања
-

Кочанско поле повторно во пламен
-

Наскоро исплата на заостанатите субвенции за сточарство 2023 и 2024, за 2025 предвидени 1 милијарда денари
-

Oхрид за Денот на жената исполнет со гости
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
