Протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ низ улиците на Охрид
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид и во уште шест градови низ земјата одржа протест со моторни возила организирани под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.
Протестната колона низ улиците на Охрид, на која имаше повеќе возила ја предводеше генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски, кој пред медиумите порача до премиерот Зоран Заев и актуелната власт дека борбата, жртвите, идентитетот и континуитетот на постоењето на македонскиот народ не можат да бидат предмет на разговори и договори.
– Остро се спротивставуваме на договорот со Бугарија и веднаш да се прекине. Суверенитетот на една држава се добива со признавање од другите држави. Ние сме признаена држава, меѓу другите и од Република Бугарија, а со добивањето на суверенитетот се добива и внатрешното уредување на државата. Ние одлучуваме за јазикот, историјата, какви учебници и образование ќе имаме. Историјата не може да биде прашање за кое ќе се договараат двајца лидери на две држави, таа не се решава со два потписа, истакна Сајкоски.
Претседателот на ОК на партијата во Охрид Кирил Пецаков порача дека мора да се стави крај на политиката на национално распродавање на државните интереси.
Протестите доаѓаат после интервјуто што премиерот Зоран Заев го даде за бугарски медиум во кое коментираше чувствителни историски моменти од периодот на Втората светска војна, што предизвика бура реакции во домашната јавност.
Ново на Сител
-

СПМ: На 123 годишнината од погибијата во спомен на Гоце Делчев - Социјалистот и Апостолот на македонската слобода
-

Иранската армија ги предупреди САД да не влегуваат во Ормуската Теснина
-

Фон дер Лајен: Европа мора да стане понезависна во енергетиката, одбраната и снабдувањето
-

Руте: Европа ја разбра пораката на Трамп за воените бази
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
