Проштална средба Вељаноски - Орав

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на денешната проштална средба со евроамбасадорот Аиво Орав рече дека се надева на што поскоро и конечно решавање на политичката криза во земјава. Воедно истакна дека ќе стори се што е во негова надлежност за да се реализираат активностите од последниот договор меѓу политичките партии.
Амбасадорот Орав, пак, како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, нагласи дека се надева на брза имплементација на договореното со цел Македонија да се посвети на евроатланската интеграција и поскоро да ги почне преговорите за членство во Европската унија.
- Со оглед на сите предизвици со кои се соочува Европа како што се миграциската криза и терористичките напади, за ЕУ е важно да ја има Република Македонија како стабилен партнер, истакна Орав.
Соговорниците изразија задоволство од одличната меѓусебна соработка и изразија надеж дека така ќе продолжи да се одвива, на исклучително високо ниво, со заемно разбирање и пријателство.
Вељаноски се заблагодари за постојаната поддршка која Собранието ја добива од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и на крајот на средбата на Орав му посака успешна работа во неговиот иден ангажман.
Ново на Сител
-

Евростат објави благ пораст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ ќе одлучува за повисоки камати
-

Open AI го лансираше „Chatgpt за тинејџери“: Дали сега младите се побезбедни во дигиталниот свет?
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
