-->
-->
Пронајдена турбина на урнатиот индонезиски авион
-->
Индонезиски поморски тим извади турбина на авионот што се урна во саботата, кратко време по полетувањето од главниот град Џакарта, изјави денеска официјален претставник.– Турбината е пронајдена од поморскиот брод Ригел опремен со тродимензионален сонар, изјави високиот офицер Ори Ронсумбре.
Претходно беа пронајдени делови од авионот и човечките тела за кои се веруваше дека биле во Боингот 737-500 на компанијата „Сривиџаја Ер“, кој исчезна од радарите во саботата, само четири минути по полетувањето од меѓународното пристаниште Соекарно-Хата.
Нуркачите денеска тргнаа во потрага по црните кутии на авионот со 62 патници и членови на екипажот, што се урна во Јаванско море, соопшти морнарицата на Индонезија.
– Утрово нашите нуркачи започнаа да работат на тоа подрачје, рече денеска вицеадмиралот Абдул Расид.
Војската во неделата објави дека се лоцирани црните кутии составени од снимачи на податоци за летови и снимачи на звук во пилотската кабина.
Засега не е позната причината за падот на авионот, но податоците на шведската мрежна страница Флајтрадар 24 покажуваат дека авионот одеднаш забавил и започнал да паѓа кратко по полетувањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски во Даблин на средба со Мекенти, во фокусот претстојното претседавање на Ирска со Советот на ЕУ
-

Сенатот на САД по деветти пат ја блокираше Резолуцијата за прекин на војната со Иран
-

Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина
-

Јужна Кореја ќе ја намали зоната со ограничен цивилен пристап долж границата со Северна Кореја
-

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
