-->
-->
Пронајдена марихуана во Радовиш и приведени две лица | ФОТО
-->

На 06.10.2023 во 21.30 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.С. (39) од Радовиш, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. С.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службен разговор изјавил дека марихуаната ја набавил од Д.Л. (38) од Радовиш, соопшти МВР.
На 07.10.2023, врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш, бил извршен претрес во домот на Д.Л., при што биле пронајдени две полиетиленски ќеси со марихуана. Д.Л. бил задржан во Полициската станица Радовиш и по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Радовиш.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
