Македонија
15. September 2022 - 9:59

Пронајдена марихуана, приведен дилер на патарина Сопот | ВИДЕО

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 16:30 часот на наплатната станица Сопот, на автопатот „Пријателство“ го лишиле од слобода С.Д. (38) од Велес, во чие возило била пронајдена и оздеземена марихуана.

-При извршен преглед на патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена околу еден килограм марихуана, информираат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.