Пронајден најстариот „жител“ на Европа

Дрво од видот „Босански бор“ (Pinus heldreichii) кое се наоѓа на планината Пинд во северна Грција, е прогласено за најстариот организам на европскиот континент, за којшто научниците имаат сознание, објави порталот „Дејли Сајанс“.
Дрвото е наречено „Адонис“, по древнохеленсиот бог на убавината и страста. Неговата старост се проценува на 1.075 години, тврдат начници од шведскиот Стокхолмски универзитет, германскиот Универзитет на Мајнц и Универзитетот на Аризона од САД.
- 3ачудувачки е како еден олку голем, комплексен и импресивен организам преживеал во не така поволна и пријателска средина, населена од човекот веќе 3.000 години. Дрвото има пречник од еден метар и годовите кажуваат дека тоа е 1.075 години старо - истакна дендрохронологот Пол Крусик, водач на научната експедиција.
Според овие наоди, дрвото ја надживеало и Византија и Отоманското Царство. Ги преживеало климатските услови, нивните промени, потоа - Балканските војни, Првата и Втората светска војна и многу други неприлики пред и потоа, кои се случиле во овие области.
Научниците се надеваат дека тоа, но и другите дрвја од тој вид, од коишто некои и паднале во својата старост, но се уште не се распаднале, ќе обезбедат научни информации за историја на илјадагодишните климатски и околносни физички промени.
„Босанскиот бор“ е вид кој расте на Балканот и во јужните предели на Апенинскиот Полуостров.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
-

3 Мај – Без слободни медиуми нема демократија
-

Зголемен број на прегледи во дежурниот педијатриски пункт во Поликлиниката „Бит пазар”
-

Од конфликтот на Блискиот Исток до македонските пумпи: Колку поскапеа горивата?
-

Заштеди и до 50% при транспортот очекува прилепското стопанство ако се воведе железничкиот карго сообраќај
