Пронајден кранот со кој треба да се отстрани „Воинот на коњ“, еве каде се наоѓа

На само десетина минути од плоштадот Македонија, според неговата подвижност, на заградениот плац зад ТЦ Рамстор, се крие кранот со кој што треба да се отстрани споменикот наречен „Воин на коњ“ од плоштадот „Македонија“, пишува порталот Дудинка.

– Ќе морам од овде, од Семфиропљ на Крим, да откријам каде се наоѓа кранот убиец на Александар Македонски. Значи, истиот кран што беше паркиран на паркингот кај пожарна, а потоа беше сликан и кај Соборен храм, цело време се наоѓа во „дупката” зад Рамстор. Одлично камуфлиран, со штипски регистарски таблички, на градилиште каде не се гради ништо и ништо нема за подигање – дреме и чека да биде употребен против Македонскиот народ. Таблиците се црвени и припаѓаат на фирма од Штип “Кран ко” лоцирана на улица Тродосие Паунов 34. (29 ноември), пишува Миленко Неделковски за споменатиот портал.

Плацот е на фирмата „Елан пропертис”. „Градат” деловен објект. Подрумот го градат веќе 4-та година. Иако има само бетонирана дупка, сепак има сериозно обезбедување и видео надзор, додава тој.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
