-->
-->
Промовирана стихозбирката „Помеѓу сонот и јавето“
-->

Промоција на стихозбирката „Помеѓу сонот и јавето“ на Христина Деолска се одржа синоќа во кафе барот Центар во Делчево. Поетесата е родена делчевка, која долго време живеела во Дебар, но своето прво објавено литературно дело таа го промовираше во родното Делчево со што се запиша на долгата листа на роднокрајни автори во ова градче.
- Книгата има 47 песни кои се инспирирани од животот и се заокружени во една целина. Издавач на книгата е „Дата Песнопој“ од Битола, рече Деолска.
Инаку, во рамките на оваа промоција беа изложени цртежи во техника енкаустика. - Имам околу 200 вакви цртежи со оваа малку позната техника кај нас која потекнува од Египет. Овде е изложен помал дел. Тоа е стара техника што ја цртам со пегла и со мрсни боици. Инаку, јас сум архитект по професија , па уметноста како една нишка ме врза и за поезијата и за сликите, рече Деолска.
Промотор на поезијата беше Јасмина Атанасова Симјановска која пред присутните читаше дел од стиховите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Делиме иста визија за полоноправно членство во ЕУ
-

Нов судир за младите и ЕУ
-

Пропуст кај дури 39 полицајци утврди МВР за пријавите за насилство против Стојанче Јовановски
-

Дејан Јованов-Деко, давал отпор и не соработувал со полицијата кога ќе затекнела малолетници во дискотеката
-

Годишен извештај на Народниот правобранител – најмногу поплаки за правовосудството
-

Европските министри на итен состанок за енергетската криза
-

ЗНАМ до Филипче: Проверете си ја лојалноста во СДСМ
