Промовиран едукативен автобус за ученици

Учениците од основно училиште „Братство“ во општина Карпош денеска беа во сообраќајна едукативна обиколка низ улиците на Скопје во рамки на активностите за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, преку проектот „Едукативен автобус“.
Проектот има за цел запознавање на децата со сообраќајната инфраструктура, сообраќајните правила и прописи, односно нивна едукација низ главните сообраќајници на градот.
Како што се наведува во соопштението на општината, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, изјави дека Карпош како локална самоуправа, секогаш учествувала во сите акции и проекти со кои се зголемувала безбедноста и сигурноста во сообраќајот.
- Овој проект во кој се вклучени учениците од прво и трето одделение од ОУ „Братство“ практично значи, уште од најмала возраст на децата, едукација за сообраќајната култура, правилата и прописите во сообраќајот. Тие на овој начин ќе се запознаат со сообраќајниот ред и тоа ќе може да им го пренесат на своите родители и членови на семејството, да ги почитуваат сообраќајните правила, се со цел децата како најзагрозена категорија во сообраќајот, односно како пешаци да бидат максимално заштитени, изјави Јакимовски.
Проектот е организиран од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Јавното претпријатие „Скопје“(ЈСП) и Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), кои во соработка со општина Карпош континуирано спроведуваат проекти за подигнување на степенот на безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Овој проект, ќе се реализира секоја недела, во вторник, со ученици од различни училишта од градот Скопје.
Ново на Сител
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
-

Претреси во Велес и велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени две лица
-

Портпаролката на грчко МНР за ЕЕС системот: Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива
-

Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ
