Промовиран брендот „Струмица-Ѕвезда под небото“

Брендот Струмица е визија за позиционирање на Струмица на пазарот на градови и препознавање на Струмица како добро место за живеење, добра туристичка и деловна дестинација, истакна Ѓоко Ристовски од општина Струмица на синоќешната промоција на брендот.
За градоначалникот Коста Јаневски, Струмица е град-ѕвезда, кој создава и производи и луѓе и вредности.
-Брендот „Ѕвезда под небото“ ќе ја заинтригира човековата љубопитност, ќе го примами секој посетител, потенцијален инвеститор, деловен соработник, уметник или патник, да ги прими со сите сетила спецификите на градот и да го рашири добриот глас на долго и на широко по белиот свет, рече градоначалникот Јаневски.
На промоцијата присуствуваше и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, кој рече дека Струмица има многу направено за препознавање од туристички аспект.
-Струмица е туристичка дестинација за четири сезони и тоа значи дека има што да понуди од повеќе аспекти, од аспект на културниот туризам, од аспект на неоткриена туристичка дестинација, а исто така и за забавата и за сето она што значи Струмица не само во регионот, туку и во Македонија, изјави директорот Јаневски.
Автори на промотивните материјали се Марјан Ѕингаров, Никола Маџиров и Александар Дончев, а брендот Струмица е создаден во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Грција и Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
