-->
-->
Промоција на школа за трчање
-->

Македонскиот шампион во повеќе атлетски дисциплини Кокан Ајановски денеска ја промовираше NIKE школата за трчање.
Ајановски денеска на прес-конференција најави бесплатни тренинзи и формирање школа за трчање за сите оние кои сакаат да се занимаваат со овој спорт.
Четири пати неделно сите членови на NIKE школата за трчање ќе добиваат бесплатни групни тренинзи. Дополнително секој член ќе има можност да добие своја индивидуална програма за тренинг, како и едукација околу правилната исхрана со мерење на основните телесни параметри за одредување на моменталната форма. Исто така членовите ќе можат да учествуваат во трки на 5 километри, двапати месечно, да се едуцираат за опрема за трчање, да се вклучат во панел дискусија со прашање и одговори за кои било теми поврзани со трчањето, како и учество на разни трки.
- Многу луѓе кои не помислувале да трчаат, но кога почнале го смениле своето мислење, вели Ајановски.
Собирно место за тренинзите е кејот на Вардар во близина на скејт паркот, а термините се вторник и четврток од 18 до 19:30, во среда од 19:00 до 20:00 часот, а во недела од 8 до 9:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
