Променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер до 40 километри на час од северен правец, особено во источните делови од државата.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.
Според прогнозата на УХМР, од денеска до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност.
-Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
