Променливо облачно и нестабилно од утре до средината на следната недела
Од утре па се до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.
Како што соопшти УХМР, постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Ново на Сител
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
