Пролетни средби со ММФ

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рамки на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон, оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Фондот, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Како што соопшти Народната банка, на средбите било оценето дека домашната економија останува стабилна, но глобалните геополитички тензии создаваат неизвесност за растот. Славески истакнал дека централната банка ќе продолжи со претпазлива монетарна политика, насочена кон одржување на ценовната и финансиската стабилност.
Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска, пак, на средбите со претставници на ММФ истакнала дека Владата останува посветена на фискална консолидација, подобро управување со јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи за поддршка на економскиот раст. Таа посочила дека буџетскиот дефицит е во надолна линија, од 4,4 отсто во 2024 година, на 4 отсто во 2025, а годинава е проектиран на 3,5 отсто од БДП.
Ново на Сител
-

Собранието ќе ја почне 102 седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања
-

Потпретседателот на Собранието на Црна Гора Никола Цамај во посета на македонскиот Парламент
-

Германија ќе инвестира милијарди евра во зајакнување на цивилната заштита
-

Барселона го израмни рекордот на Реал по победи на сите домашни натпревари во Ла Лига во една сезона
-

Лазаров: Успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг
-

Кливленд ја доби мајсторката со Детроит
-

МЗТ Скопје Аеродром поведе во финалето против Маџари
-

Протести во Чешка во знак на поддршка на независноста на јавниот сервис
