Прогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2019

Град Скопје и специјализираната агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи „SWOT Research“ и годинава ги избраа најдобрите трговски објекти во главниот град во рамки на проектот „Месец на трговијата“.
Како што соопштија денеска градските власти, плакетите на најдобрите денеска им ги врачи помошник раководителот на Секторот за локален економски развој на Град Скопје Александар Богоевски. Информира дека и годинава секој од трговците има пристап до резултатите и извештајот од истражувањето се со цел, како што рече, постигнување високи резултати во сите категории, како и задржување на потрошувачите, бидејќи секој е потенцијален потрошувач.
Во категоријата „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“ првонаградена е „Агротехна“, на второ место е „Сетек“, а третопласиран е „Горење“.
Во категоријата „Модни додатоци и накит“ на прво место е „Sigma“, на второ „SWAROVSKI“, а третопласиран е „ZAF TIME“.
На прво место во категоријата „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“ е А1 Македонија. Второпласиран е ANHOCH PC Market, а на трето место NEOCOM.
Во категоријата „Салони за мебел“ првопласиран е „Stilles“, на второ место е „Југоекспорт Стил“, а на трето место „DOĞTAŞ exclusive“.
„Гранап“ е најдобар во категоријата „Супермаркети“, а на второ место е „Рептил“. Третопласиран е „Тинекс“.
Во категоријата „Бутици“ на прво место е „Bella“, на второ место е „Bonatti Fiore“, а третопласирана е „Lisca“.
Од категоријата „Домаќинство“ на прво место е „LUSSO“, на второ „Moss Home Center“, а на трето „Coin Casa“.
Признанието за најдобар трговски објект во Скопје годинава се доделува 13-ти пат.
Ново на Сител
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
-

Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката Драчево
-

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември
-

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен
-

51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
