Продолжува расправата за измените на ЗРО поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д
Комисијата за труд и социјална политика денеска во 13 часот треба да продолжи со расправа по Предлог-измените на Законот за работни односи кои се дел од пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.
Расправата почна вчера, а опозицијата побара да биде прекината, бидејќи, според нив, истата е беспредметна. Сметаат дека на овие измени треба да им се посвети поголемо внимание и дека е неопходна јавна расправа во која што би учествувале сите засегнати страни.
„Левица“ има поднесено над 1000 амандмани, за што денеска портпаролот Амар Мециновиќ ќе информира на прес-конференција. Вчера, пратеникот од „Левица“ Борис Крмов, на својот фејсбук профил објави дека поднеле 1.111 амандмани.
Амандмани најавија и ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО Народна партија.
Од Владата вчера појаснија дека измените на Законот за работни односи се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес и со нив се овозможува опцијата за подолга работна недела и недела работен ден исклучиво само за вакви градежни работи за што се обезбедува и писмена согласност од самиот работник.
- Измените во Законот за работни односи кои се пред Собрание се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес и вклучуваат решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50 проценти повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор, за останатите прекувремени часови. За сето ова, претходно ќе биде обезбедена писмена согласност од самиот работник, се наведува во одговорот од Владата.
Интенцијата, велат од Владата, е да се заштитат работниците и работничките права, а притоа да се овозможи имплементација на еден од најважните инфраструктурни проекти во историјата на државата.
Ново на Сител
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
