-->
-->
Продолжува прскањето против комарци во Скопје
-->
Во раните утрински часови в четврток ќе се реализира авионска, а во текот на денот терестрична дезинсекција против ларви од комарци во Град Скопје.
Како што информираа од Град Скопје, во сабота и недела во раните утрински часови ќе има авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.
Терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 18 јули до 21 јули, во период од 22 до 3 часот наредниот ден.
-Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се наведува во соопштението.
Градските власти ги информираат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со лани
-

Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Вино што зборува на светски јазик: Бидете дел од петтото издание на саемот Wine Vision!
-

Светот има право да се плаши од вештачката интелигенција, изјави директорот на OpenAI
-

Четири предгрупи ја откажаа турнејата со Ед Ширан во знак на солидарност со Меклмор
-

Голем успех за 12-годишниот Македон: Примен во престижната програма за таленти на „Џонс Хопкинс“
-

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати
-

Денеска се очекува изрекување на пресудата за Тачи и водачи на ОВК

