Продолжи протестот на рударите од „Саса“

Продолжува протестот на рударите од рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица. Над 300 рудари се во селото Долно Саса каде што стојат на локалниот пат, ги пропуштаaт возилата на месните жители и училишните автобуси, но не и автобусите и камионите на рудникот „Саса“.
Претседателот на локалниот огранок на МЕСО во Македонска Каменица Сашо Јованов вели дека синоќа ги посетиле претставници од ССМ и раководството на МЕСО, но не е постигнат договор за преговори со раководството на рудникот „Саса“.
- Не прифативме да се формира неформална група без претседателот на локалниот огранок Сашо Јованов, тоа сум јас, забранет ми е засега пристапот до рудникот „Саса“ и сметаме дека раководството треба да почне да преговара со нас како локален огранок, вели Јованов.
Додава дека ќе останат да протестираат се додека не почнат преговорите и не им се исполнат барањата за зголемување на платата на рударите и подобри безбедносни услови во рудникот.
Тој бара помош и од ресорните министерства и од Владата да се вклучат во решавањето на проблемите со рударите во рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица. Тврди дека во моментов во рудникот не се врши ископ на руда од јамите, а во рудникот работат само оние работници кои се на одржување на рудникот.
Ново на Сител
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
