Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекртарен влез и излез од Шенген зоната, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Како што информира Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, веќе се разговара на билатерално ниво со неколку држави од ЕУ кои се истовремено и членки на Шенген зоната.
-Предизвикот со транспортерите е пред нас и ние ќе мораме да го решаваме. Беше тука комесарот кој е задолжен за влез/излез системот. Ние како држава тука сме проактивни, нашата дипломатија и министерствата за внатрешни работи и транспорт работат заедно. Веќе имаме на билатерална основа разговор со неколку држави од Европската Унија кои истовремено се и членки на Шенген зоната, така што најверојатно начинот на кој ќе се реши тој проблем, ќе биде преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната, потенцира премиерот.
Тој потсети дека транспортерите не ги опфаќаат само карго превозниците, туку и патничкиот сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
