Привршува санацијата на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велешко

Во завршна фаза е реализацијата на проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко предвиден со програмата на Министерството за култура.
Надлежната установа за реализација на проектите од областа на заштитата на недвижното културно наследство во велешкиот регион, Националниот конзерваторски центар, во изминатиот период реализираше повеќе активности кои беа во насока на зачувување на ова значајно спомен-обележје кое е симбол на градот Велес, соопшти Министерството за култура.
Беа преземени интервенции за превентивна заштита на покривот за да нема прокиснување, што претставува проблем уште од времето на изградбата на објектот. Изведено е и превентивно санирање на екстериерот и интервенција со инјектирање на сите прозорски отвори, промена на оштетените делови и поставување на нов плексиглас.
Надлежните екипи ја завршија и санацијата на изолацискиот слој на споменикот, а се изведуваше и дел од санацијата на завршниот, фасаден слој, за што активностите се во завршна фаза. Целосната реализација на проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко е предвидено да заврши до крајот на годинава, со што конечно ќе биде соодветно заштитен еден значаен споменик на културата.
Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко е изграден во непосредна близина на градот во 1979/81 година. Внатрешноста е декорирана со импозантен ѕиден мозаик од пет сцени, дело на современиот македонски сликар Петар Мазев. Овој споменик е своевиден белег на градот Велес.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
