Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана

На 16.12.2025 во 01:04 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Е.А.(40) од Штип. При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „сеат ибица“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што е констатирано дека управувал возило под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,06 промили алкохол во крвта. Исто така, во возилото е пронајдена и одземена марихуана.
На 16.12.2025 во 00:33 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода А.З.(30) од Охрид. При сообраќајна контрола на ул.„Партизанска“ во Охрид сопрено е патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, кое таа го управувала, при што е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени и се 2,59 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
