Приведени тројца по претреси во скопскиот регион, пронајдени дрога, пиштол и куршуми

Приведени биле три лица во текот на вчерашниот ден по претреси на скопската територија и пронајдени дрога, пиштол и куршуми, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги лишија од слобода С.Б. и Е.А., на возраст од 21 и 33 години, двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје во нивните домови, по добиена судска наредба, пронајдени и одземени биле 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага - појаснија од МВР.
Уште едно лице било лишено од слобода затоа што му биле пронајдени пиштол и куршуми.
- Во село Сарај, Скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишија од слобода М.А., на возраст од 40 години од село Радуша, Скопско, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје во домот, по добиена судска наредба, пронајдени и одземени биле пиштол „глок“ калибар 9х9 мм, една рамка и 13 куршуми - информираа од МВР.
Во соопштението се додава дека по целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
МИА
Ново на Сител
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
-

Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
