-->
-->
Приведени крадци во Битола, одземеното вратено на сопствениците
-->
На 14.12.2023 во Битола, полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „дрска кражба“, го лишиле од слобода Б.В.(24) од Битола. Имено, Б.В. се сомничи дека одзел ранец во кој имало лични документи и пари.
Исто така, полициски службеници од СВР Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“, го лишиле од слобода Ѓ.М.(35) од Битола. Тој се сомничи дека од магацински простор на здравствена установа во Битола одзел повеќе средства за хигиена.
Со двајцата биле извршени службени разговори, при што ги признале делата, а одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По документирање на настаните против двајцата ќе следуваат соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
