Приведени двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг се расправал со полицајци

Приведени биле двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг се расправал со полицајци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Утрово во 02:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.Р.(24) од село Бојанчиште, кавадаречко. При сообраќајна контрола, на улица „Слога“ во Кавадарци, било сопрено патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Р. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување за Б категорија и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.88 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР - Велес.
Половина час подоцна, во 02:50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино го привеле Р.С.(21) од Неготино.
- При сообраќајна контрола, на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, било сопрено патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Л.(22) од Кавадарци, а сопатник бил Р.С. и откако било побарано да се легитимира, Р.С. агресивно се однесувал и ги омаловажувал полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.83 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР - Велес.
Како што информираа оттаму, двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на настаните, против нив ќе биле поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
