Приведени дилери на дрога во прилепско

Приведени се шест лица од Прилеп за продажба на хероин, кокаин и амфетамин, а запленети се и возила и пари кои според полицијата потекнуваат од продажбата на дрогата. Криминалната група соработувала и со полицајци кои ги користеле да не се превземат мерки против нив.
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски, денеска на прес-конференција соопшти дека секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР – Прилеп, по насоки на јавен обвинител од ОЈО – Прилеп, изминатиот период, од септември 2020 година, спровеле криминалистичка истрага за повеќе лица инволвирани во недозволена продажба на дрога на подрачјето на Прилеп како и дека организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија.
-Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода шест лица, а во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин ,мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв 5“, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв“, пари и мобилен телефон и Р.М. (34)“, соопшти Ангеловски.
Истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.
Ново на Сител
-

34 годишник со 3,29 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајка во Скопје
-

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација
-

Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
-

Оружје пронајдено при претрес на 77-годишен кумановец
-

ПФЛ: Шкендија Арачиново – Силекс за старт на второто коло
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
