-->
-->
Приведен прилепчанец, превезувал нежигосани огревни дрва без документација
-->
На 24.04.2023 во близина на Железничката станица Браилово, полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.М.(32) од Прилеп.
Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген шаран“ без регистарски ознаки, превезувал нежигосани огревни дрва и без соодветна документација.
Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
