Притвор за струмичанец уапсен за дрога на патарината Миладиновци
ОЈО Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Од Обвинителството информираат дека судија на претходна постапка го прифати предлогот за притвор од 30 дена.
Осомничениот 43-годишник од Струмица, на 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, се возел како сопатник во автомобил Мерцедес, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин. Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле, соопшти ЈОРМ.
Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
