Притвор за едно од приведените лица за „Фабриката за афери“

За едно од лицата кои денеска во спроведување на акцијата за предметот познат како „Фабрика за афери“ беа лишени од слобода, надлежен јавен обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор. Лицето, како што соопшти Службата за информирање на Јавното обвинителство на РМ, се товари за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.
Од ЈО наведуваат дека тројца од петтeмина лишени од слобода, по оценка на обвинител и согласно на досега утврденото, не се задржани во полициска станица.
Петтото лице е задржано и како што стои во соопштението јавноста дополнително ќе биде известена за одлуката која во постапувањето ќе биде донесена од страна на Обвинителството.
Како тече акцијата погледнете тука:
Ново на Сител
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
