Пристап до интернет имаат 69,4 проценти од домаќинствата

Во првиот квартал годинава 69,4 проценти од домаќинствата во Македонија имале пристап на интернет од дома, што е за еден процент повеќе во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 67,7 проценти во 2014 година, на 69 проценти годинава. Речиси сите, 99,5 проценти, од домаќинствата со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.
Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, во првиот квартал годинава компјутер користеле 69,2 проценти, a интернет 70,4 проценти.
Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 94,7 проценти, а 71,2 проценти од корисниците на интернет во првото тримесечје од годинава употребиле мобилен или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа.
Над 15 проценти од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството, 66,9 проценти, од нив, купиле облека или спортска опрема.
Од лицата што не купувале преку интернет во последните 12 месеци, речиси 80 проценти претпочитаат да купуваат лично во продавница, сакаат да го видат производот, од навика и сл., а 28 проценти не купувале поради загриженост за безбедноста при плаќањето или приватноста (давање податоци од кредитна картичка или лични податоци на интернет).
Ново на Сител
-

Четири лица загинаа при руски напади со разорни касетни бомби во Доњецк
-

Студентите во блокада во Србија утре со нов протест во Белград, Вучиќ најавува избори наесен
-

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
