-->
-->
Примера: Валенсија имаше три водства со осасуна и не победи
-->

И покрај тројното водство, како и пенал досуден на пет минути пред крајот на натпреварот, фудбалерите на Валенсија освоија само бод на синоќешното гостување во Памплона кај Осасуна. Конечниот резултат е 3:3 и е петто реми за домашната екипа која е последно пласирана на табелата. Валенсија остана на досегашните три победи и на 17.место, веднаш над „зоната на испаѓање“.
Стрелци на головите за Валенсија беа Мунир (2.минута), Ориол Риера (автогол 45+1) и Мартин Монтоја (73), додека за Осасуна погодија Ориол Риера (7), Роберто Торес (62) и Карлос Клерк (90+2).
Резултати на натпреварите од 17.коло во Шпанското фудбалско првенство:
Еспањол – ДепортивоЛа Коруња1:1,
Реал Мадрид – Гранада 5:0,
Еибар – Атлетико Мадрид 0:2,
Лас Палмас – Спортинг Хихон 1:0,
Сосиедад – Севиља 0:4,
Атлетик Билбао – Алавес 0:0,
Бетис – Легањес 2:0,
Селта – Малага 3:1,
Виљареал – Барселона 1:1 и
Осасуна – Валенсија 3:3.
Табела: Реал Мадрид 40 бода (натпревар помалку), Севиља 36, Барселона 35, Атлетико Мадрид 31, Виљареал 30, Сосиедад 29,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
