-->
-->
Примера: Хихон „бега“ од опасната зона
-->

Екипата на Хихон синоќа постигна победа над Еибар во првиот натпревар од 36.коло на Примера. Со овој триумф Хихон ја напушти опасната зона на испаѓање. Головите за Хихон ги постигнаа: Карлос Кармона во 43.минута и Џонатан Мендез во 82.минута. Хихон со 35 бодови се исчаки на 17.место на табелата.
Денеска се играат четири натпревари од оваа рунда: Реал Сосиедад – Реал Мадрид, Атлетико Мадрид – Рајо Ваљекано, Бетис – Барселона и Гранада – Лас Палмас. Во недела се играат истотака четири дуели: Атлетик Билбао – Селта, Еспањол – Севиља, Депортиво – Хетафе и Валенсија – Виљареал.
Последниот натпревар од колото меѓу Малага и Леванте се игра во понеделник.
Табела: Барселона 82 бода, Атлетико Мадрид 82, Реал Мадрид 81, Виљареал 61, Селта 57, Атлетик Билбао 55, Севиља 52,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
