Приливот на бегалци ја направи Турција незаменлива

Економист - Лондон
Во деновите на зенитот на Отоманската Империја, странски емисари кои барале услуги, би го посетиле дворецот на султанот носејќи богати дарови и пеејќи химни на воспев. Европските лидери сега се поставену во слична позиција, доведени од очај поради масата бегалци кои летово влегоа во Европската унија преку Турција.
Предлозите кои тие му ги дадоа на Реџеп Тајип Ердоган, се поавторитарниот претседател на Турција, можеби го немаат блесокот на скапоцените камења или везени ткаенини, но не се ни помалку вредни.
На 15 октомври, европските владини раководители на средба во Брисел усвоија општ акциски план, договорен меѓу Турција и Европската комисија неколку дена претходно. ЕУ сака Ердоган да стори две нешта. Прво, да ја подбри положбата на 1,7 милиони Сиријци кои живеат во Турција во бегалски кампови, а најмногу да го подобри нивниот достап до пазарот на трудот (законот за право на работа во моментов е во турскиот Парламент) и да обезбеди повеќе места во училиштата.
Ако го направи животот на Сиријците во Турција поподнослив, ЕУ се надева дека тие помалку ќе сакаат да тргнат кон Европа.
Второ, Европејците се надеваат дека Ердоган ќе го сопре хаотичниот прилив на мигранти кои го напуштаат турскиот брег кон грчките острови. Според тој план, Турција ќе ги зголеми граничните патроли, ќе ја засили соработката со грчките и бугарските власти и ќе воведе визни ограничувања за луѓе од Пакистан и Бангладеш, од кои многумина минуваат преку Турција за да стигнат до ЕУ.
Во замена, Ердоган побара околу три милијарди евра помош преку хуманитарниот фонд на ЕУ. Укинувањето на визите за Турците при велз во Шенген зоната, е уште една голема награда која може да и биде доделена на Турција следната година, ако се согласи да ги прими назад нелегалните мигранти од трети земји, кои доаѓаат до Европа преку нејзина територија.
Можеби највпечатливо на 15 октомври беше тоа што лидерите се согласија да и дадат живот на одамна заборавената кандидатура на Турција за членство во ЕУ. Тоа би требало да се случи со отворање на нови поглавја (преговори за специфични политички сфери).
Сето тоа е еднакво на впечатливата промена на европските односи кон Турција - ЕУ од високи позиции го забави процесот на присоединување на Турција уште пред Ердоган да се втурне во авторитарно управување, првенствено заради спротивставувањето на земји како Франција и Кипар.
Многу детали се уште остануваат непрецизирани, а некои влади се непријателски расположени. Австрија и Кипар, на пример, остануваат скептични во однос на забрзувањето на кандидатурата за членство на Турција. Второто турско барање - Турција да биде ставена на списокот на „безбедни земји на потекло“, што значи дека малиот број турски граѓани кои бараат азил во ЕУ тешко ќе го добијат - на што исто жестоко се спротивставуваат некои европски влади.
Дури и парите не се загарантирани: бидејќи не се сметаат 500-те милиони евра кои можат да дојдат од буџетите на ЕУ, владите ќе треба самите да ја одвојат таа сума, а засега нема ветување за такво нешто.
Ердоган не губи време да ги нападне Европејците, обвинувајќи ги за „неискреност“. Од турска страна, не е јасно како исполнувањето на некои од ветувањата на Владата може да биде потврдено. Мигрантските реки народ наскоро ќе забават благодарение на постуденото време, на пример; како тој ефект ќе биде разграничен од турските напори на границата?
При сето тоа, најважно за Турците, велат европските претставници, не се тие предлози, туку чувството дека односите со Европа се вратени на позитивна политичка основа, а не сведени на строго правен дијалог меѓу технократи или еднострано кршење на човековите права.
Ердоган, на пример, сака да биде канет да поразговара со другите лидери на некои од европските средби на врвот и веројатно таа желба ќе му биде исполнета. На 18 октомври, тој се сретна со највлијателната од сите европски лидери, германскиот канцелар Ангела Меркел, која пристигна во набрзина организирана посета на Турција, за да му одаде почит (Владата на Меркел е исплашена дека ќе го понесе најголемиот удар од европската бегалска криза, и е најсилниот глас кој поттикнува на договор со Турците).
Објавувањето на овогодинешниот извештај за напредокот на Турција, кој се очекува да има остар тон за слободата на медиумите и за корупцијата, беше одложено и се уште не е извесен новиот датум. Членовите на Европскиот парламент и други незадоволни од влошувањето на човековите права за време на управувањето на Ердоган, веќе го подигаа гласот.
Ова е критички момент за Турција. Политичката стабилност и економскиот успех кои го одбележаа управувањето на Ердоган, сега исчезнуваат. Конфликтот на Турција со Курдите повторно се распламти. На 10 октомври, во најтешкиот терористички напад во историјата на Турција, загинаа над 100 души во две експлозии на мирен протест во Анкара. Избувнувањето на борбите во сирискиот град Алепо може да испрати нов бегалски бран кон Турција, а веројатно од таму и кон Европа.
Затоа Ердоган има доста различни приоритети од неговите европски партнери и останува да се види кој дел од акцискиот план ќе премнине од зборови на дела. Но, засега султанот ќе биде задоволен со одавањето почит.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
-

Служба за Брза помош од внатрешноста без основни лекови - Двајца директори на клиники незаконски си зголемиле плати
