Прилепското обвинителство со интензивни предистражни дејства во отворениот предмет за случајот со новороденчето

Прилепското основно јавно обвинителство интензивно работи на предистражните дејства по отворениот предмет за случајот со новороденчето, кое на 27 октомври се роди здраво во прилепската градска болница, а по три дена поради тешко дишење беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде по една недела почина од сепса.
Според основниот јавен обвинител Стевчо Биноски, предметот е отворен по пријавата на родителите, а обвинителството ја бара целата документација за случајот од Болницата и од Клиниката.
- По пријавата на родителите ги зедовме нивните изјави за случајот, а тие ни ја доставија целата нивна документација. Го презентираа случајот, а во меѓувреме ја побаравме документацијата од прилепската болница и од Клиниката од Скопје. Дали и кој ќе повикаме да даде исказ ќе зависи од документацијата, изјави Биноски.
Директорката на прилепската градска болница, Кети Смилеска информира дека го исчекуваат барањето и секако ќе ја достават документацијата. Во меѓувреме болничката комисија за интрахоспитални инфекции побара вонреден надзор од двете одделенија - гинеколошкото и неонатолошкото и земени се брисеви.
- Од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени брисеви од сите предмети во одделенијата, како и од персоналот и се чекаат резултатите, како и по надзорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Документацијата е на располагање на обвинителството, изјави Смилеска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
