Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 декември

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 декември 2025.
Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.
Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот: https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-z..., за поддршка при аплицирањето, студентите може да го контактираат МОН на е-пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk
- Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, се наведува во објавата на МОН.
МИА
Ново на Сител
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
