Претставници на ДУИ ја посетија Општина Струга

Високи функционери на ДУИ во Владата на Република Македонија, вицепремиери, министри, заменици министри, државен секретар, пратеници и други функционери, денеска престојуваа во Општина Струга.
Како што соопшти ДУИ, претставниците на оваа партија го посетија Средното училиште „Нико Нестор“ каде заедно со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ја отворија новата сала во ова училиште, го посетија новото Основно училиште „Браќа Миладиновци“, а извршија увид и во работите за реконструкција на затворениот базен во овој град.
– Направени се многу проекти како што се реновирање на патишта, канализација, водоснабдување, бројни проекти со кои се потврдува успешната соработка на Владата со Општината и оваа соработка создава свои плодови во однос на градење на капацитетите, со цел да се зголеми животниот стандард на граѓаните, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој беше дел од делегацијата на ДУИ.
Министерот за образование и наука Арбр Адеми рече дека оваа инвестиција изнесува 24 милиони денари.
– Станува збор за сали што ги градиме низ целата земја, во основните и средните училишта со намера да ги подобриме условите во инфраструктурата и образованието. Денес промовираме инвестиција од 24 милиони денари и се работи за изградба на нова спортска сала која ги исполнува сите услови, сите стандарди за да имаме модерна сала, рече Адеми.
За време на престојот во Струга, делегација на ДУИ ги посети и компаниите „Набизи“ и „ИНГ Лули“, а ги посетија и разговараа со жителите на населбите Подгорца, Лабуништа, Велешта, Дологожде и Ладоришта.
Ново на Сител
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
