Претседателски избори во Боливија

Граѓаните на Боливија денеска ќе се изјаснат за еден од деветте кандидат за шеф на државата. Но, и покрај големиот број претседателски кандидати, според анкетите фаворит е актуелниот претседател Ево Моралес, а потоа следи поранешниот претседател на Боливија Карлос Меса.
Според истражувањата на јавното мислење Моралес има поддршка од 40 отсто од граѓаните, додека Меса 22 проценти. Според резултатите од анкетите Моралес најверојатно нема да победи во првиот круг од претседателските избори.
Моралес е единствениот јужноамерикански лидер останат од времето на така наречената „розова плима“ – доминација на левицата на континентот во првата деценија од 21 век. Тогаш Чиле и Колумбија беа единствени јужноамерикански земји каде на власт беше десницата, додека денес левицата е на власт уште во Боливија, Венецуела, Еквадор и Уругвај.
Моралес се бори за четвртиот претседателски мандат. За време на неговите три мандати Боливија забележа силен економски напредок, пораст на платите и намалување на стапката на сиромаштијата.
Тој е припадник на автохтониот народ Ајмара, а на власт дојде во 2005 година откако вети дека се ќе национализира. Но, неговата партија Движење кон социјализмот (МАС) се покажа многу попрагматична отколку што сугерираше реториката.
Главен противкандидат на Моралес е Карлос Меса поранешниот новинар, кој беше претседател на Боливија од октомври 2003 до март 2005 година.
Тој е кандидат на коалицијата Граѓанска заедница и според анкетите заостанува зад Моралес со 10 проценти. Меса го обвинува Моралес за авторитарни склоности и за пораст на корупцијата.
Ново на Сител
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
