Македонија
29. April 2026 - 21:16

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците

Попладнево претседателот на Швајцарија се сретна со премиерот Мицкоски и стопанствениците. По средбата беше истакнато и дека ќе се продлабочуваат билатералните односи меѓу двете држави особено во областа на економијата и инвестициите. Како еден од клучните резултати од посетата, Пармелан најави отворање швајцарска комора во Македонија.