Претседателот на Уставниот суд, Мурати се сретна со турскиот претседател Ердоган

Во рамки на официјалната посета на Република Турција, по остварените посети на високи и значајни институции од областа на правосудството, делегацијата предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Сали Мурати, оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која присуствуваше и претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Зухту Арслан.
Во состав на делегацијата се судиите Елена Гошева, Јован Јосифовски и д-р Осман Кадриу и советникот м-р Љубица Ангелова.
На оваа средба, претседателот на Уставниот суд, Мурати истакна дека делегацијата престојува во официјална посета по покана на Уставниот суд на Република Турција со цел разменување мислења и искуства за актуелни уставно-правни прашања од посебен интерес за двата суда. Во контекст на ова, особено ги потенцираше воспоставените одлични односи помеѓу двата уставни суда чија соработка трае подолг период, но истовремено изрази и надеж за продолжување и унапредување на истата, како и со другите високи судски органи.
Претседателот Мурати се заблагодари и за поддршката од турската агенција за соработка и координација – ТИКА насочена кон јакнење на капацитетите на Уставниот суд и на другите високи судски органи од Република Македонија.
Претседателот на Република Турција, Ердоган искажа задоволство од одличните и братски односи помеѓу двете земји, но ја нагласи и поддршката која Република Македонија ја добива во периодот од кога е на чело на највисоките раководни позициии во Република Турција.
Претседателот Ердоган истакна дека помеѓу двете земји досега биле воспоставени односи на заемна соработка и дека го радува фактот што во рамки на своите можности и надлежности се остваруваат пријателски односи со државните органи на пријателска Република Македонија и дека секогаш ќе се залага за нивно унапредување. Истакна и дека го радува фактот на воспоставената добра соработка помеѓу двата уставни суда, односно дека секогаш ќе дава поддршка за продолжување на истата.
Со оваа средба, делегацијата вчера ја заврши официјалната работна посета на Република Турција, за време на која беа остварени работни посети во Уставниот суд, во Врховниот суд, Високиот управен суд и Судот за судир на надлежности, како и средби со министерот за правда и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Шентоп.
Ново на Сител
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
