Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не е задоволен од настапот на Килијан Мбапе во тимот на европскиот клупски шампион, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Еден од проблемите со Мадрид е недостатокот на лидер, а според членовите на управата тоа би требало да биде Мбапе.
Францускиот интернационалец е привлечен со статус на ѕвезда. Реал Мадрид сака Мбапе што побрзо да стане главен играч во тимот.
Претседателот на „белите“, Флорентино Перез му порача на тренерот Карло Анчелоти дека „ова не е Мбапе со кој потпишал“ пред неколку месеци, а стрелецот мора да излезе од сенка и да стане лидер.
Самиот Анчелоти, исто така, сака многу посилни настапи на теренот од 25-годишниот Французин.
Во тековната сезона Килијан Мбапе одигра 11 натпревари во Примера и постигна 6 голови.
Ново на Сител
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
