Претседателот Иванов во посета на Велес

Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешната посета на Велес бил информиран за севкупниот развој на општината, за економската состојба, како и за идните планови и проекти со цел нејзин натамошен напредок, соопшти неговиот кабинет.
На средбата со градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, претседателот Иванов бил информиран за тековните проекти во општина Велес, со цел подобрување на патната инфраструктура, како и за активностите во насока на подобрување на севкупните услови за граѓаните.
Градоначалникот на Велес воедно го запознал претседателот Иванов со економските потенцијали и со индустриските капацитети со кои располага општината.
На средбата била поздравена иницијативата за обновување на идејата за реализирање на проект, со цел пловност на реката Вардар, како и регионалниот проект за поврзување на реките Вардар, Морава и Дунав со Егејското Море. Во тој контекст, станало збор и за придобивките и значењето за општина Велес кои би произлегле од остварувањето на тој проект.
Претседателот Иванов посочил дека овој проект ќе подразбира отворање нови можности на економиите, нови инвестиции и работни места. Воедно, изградбата на овој канал, додал македонскиот претседател, ќе има огромно значење и за развој на земјоделството, подобрување на хидролошката состојба, создавање на обновливи извори на енергија, развој на туризмот, што е особено значајно за градовите низ кои тече реката Вардар.
Градоначалникот на Велес изразил задоволство од посетата на претседателот Иванов и се заблагодарил за сестраната поддршка од претседателот Иванов и неговите заложби за унапредување на севкупната клима и отворањето на нови можности за локален развој и просперитет.
Во рамки на денешната посета на општина Велес, претседателот Иванов ја посетил фабриката на германската групација „Маркарт“, како најголема странска инвестиција во индустриската зона Караслари, каде бил запознат со производствените капацитети, бизнис плановите и развојните цели на фабриката.
Македонскиот претседател во Велес го посетил и седиштето на повардарската епархија, каде оствари средба со митрополитот г. Агатангел.
Ново на Сител
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Се санираат штетите во штипското училилиште „Ванчо Прќе“, редовната настава продолжува во понеделник
-

51-годишен велешанец допирал по тело малолетничка
-

Мицкоски: Брисел деновиве ќе соопшти дека од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со Црна Гора
-

Зеленски бара објаснување за рускиот предлог за прекин на огнот
-

Доделени годишните новинарски награди на СЕММ, посебно признание и за Сител
-

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог
