Свет
27. December 2017 - 20:48

Претседателе, поубав сте на телевизија: Дете го изненади Путин со коментарот, а тој добро се снајде

Претседателот на Русија Владимир Путин, кој на пат кон влада се сретна со деца на Соборниот плоштад и раскажа како е да се управува со државата и дали Дедо Мраз исполнува желби.

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, децата излегоа на Соборниот плоштад каде ги забавуваа аниматори. Рускиот лидер се најде на плоштадот на пат кон зградата од Владата. Сите беа изненадени од појавата на претседателот и почнаа да извикуваат различни прашања.

Путин им раскажа на децата дека најдраг град му е Санкт Петербур каде се родил и пораснал.

Децата го прашаа рускиот претседателот за Дедо Мраз, за Кримскиот мост како и затоа како се однесува кон опозицијата.

Претседателот на Русија рече дека му било тешко да управува со земјата во „која живеат такви дечиња“.

Едно дете го праша рускиот претседател дали Дедо Мраз ги исполнува неговите желби, а Путин му одговори: „Некои ги исполнува“.

- Искрено изгледате поубаво на телевизија, му рече Саша од Калининград на Путин.

-Нема врска, одговори Путин без да се навреди.

Подоцна Саша рече дека не се изразил добро.

-На екран изгледа како восочна фигура, а тука беше жив човек со емоции, им објасни детето на новинарите.