Фудбал
1. October 2016 - 16:07

Пресврт на Ливерпул за скок на второто место

Иако го загуби првото полувреме со 1-0 Ливерпул сепак успеа да ја продолжи серијата на победи откако со два гола во вторито дел дојде до триумф од 2-1 кај Свонси. 

Свонси го отвори резултатот преку  Фер во  8. минута но  Фирмињо и Милнер од пенал направија комплетен пресврт за победа на „црвените“ од Енфилд Роуд на гостувањето во Велс. Со овие три бода Ливерпул изби на второто место  16 бода, два помалку од лидерот Манчестер сити. Свонси е на 17. место со 4 бода.