-->
-->
Премиерот на Белгија поднесе оставка: Поради спогодбата за мигранти го изгуби мнозинството
-->

Белгискиот премиер Шарл Мишел денеска поднесе оставка поради растечкиот притисок врз неговата влада, откако најголемата партија ја напушти неговата коалиција поради тоа што Мишел ја поддржа глобалната компакт спогодба на ОН за миграциите.
Со повлекувањето на најголемата партија Мишел го загуби парламентарното мнозинство, додека социјалистите и зелените поднесоа барање за изгласување на недоверба за владата.
Мишел, кој досега одбиваше гласање за доверба во неговиот кабинет, рече дека одлучил на белгиските пратенции „да им ја понуди оставката“ и дека таа одлука за оставката во текот на вечерта ќе ја пренесе и на белгискиот крал.
Федералните избори во Белгија треба да се одржат во мај следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
