Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско - Дреново

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја пушти во употреба делницата Градско-Дреново (дел од експресниот пат Градско-Фариш).
Делницата Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри плус еден километар од делницата Фариш-Дреново, или вкупно 16,5 километри од експресниот пат.
Вредноста на проектот, како што соопшти владината прес-служба, е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.
Делот што се пушта во употреба содржи три клучки Градско, Росоман, Дреново, четири вијадукти, еден мост, четири надпатници и три подпатници.
Премиерот Мицкоски минатата недела за време на посетата на општина Штип рече дека со пуштањето на првата делница од Градско до Фариш од експресниот пат Градско-Дреново ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола.
Целиот експресен пат се очекува да биде пуштен во март со што ќе се заокружат 25-те километри. Мицкоски најави дека продолжуваат и активностите на автопатот меѓу Прилеп и Битола и очекува во рок од три години и тој да биде завршен.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
